
Ѓорѓи Мешков
Автор • Мислител • Раскажувач
“Големината на човекот не ја детерминира неговиот статус во општеството, јавните и политичките функции со кои се стекнал и кариери што ги изградил. Taa се мери само со бројот на луѓе на кои им помогнал.”
Отуѓување
Книгата „Отуѓување“ е роман – семејна психолошка драма, и се темели на вистински настани кои се случуваа и сеуште траат во нашето реално време. Темата е отуѓувањето на децата како појава и процес. Се работи за многу подмолна појава, односно процес, на кој се изложени голем број деца веќе од нивната најрана возраст. Со порастот на бројот на разводи, рапидно расте и појавата на отуѓување на децата од едниот родител по разводот. Низ голготата на еден родител, низ неговата борба за спас на своето малолетно дете од процесот на отуѓување, во романот се откриваат методите на отуѓувањето кое го врши другиот родител. Без стручни дијагнози и експертски толкувања на отуѓувањето, романот, низ емоциите на двајцата родители од кои едниот е отуѓувач, ги опишува и слика страдањата на нивниот заеднички син. Од друга страна, преку борбата за спас на детето која ја води едниот родител, приказната во романот јасно го посочува нестручниот, непрофесионален, лаички и индолентен однос на дел од носителите на функции на државните институции и органи за социјални работи, кои се законски обврзани и единствени надлежни за справување со ваквите незаконски и крајно штетни процеси како што е отуѓувањето. Наместо да ги попречуваат ваквите појави, дел од носителите на дејноста на овие институции, без никаква одговорност, или одвај реагираат, или реагираат несоодветно. Во некои случаи стануваат дури и соучесници со извршителите на ваквиот вид на злосторство.
- Попуст
500 ден.350 ден.
