Книги

- Попуст
Отуѓување
Книгата „Отуѓување“ е роман – семејна психолошка драма, и се темели на вистински настани кои се случуваа и сеуште траат во нашето реално време. Темата е отуѓувањето на децата како појава и процес. Се работи за многу подмолна појава, односно процес, на кој се изложени голем број деца веќе од нивната најрана возраст. Со порастот на бројот на разводи, рапидно расте и појавата на отуѓување на децата од едниот родител по разводот. Низ голготата на еден родител, низ неговата борба за спас на своето малолетно дете од процесот на отуѓување, во романот се откриваат методите на отуѓувањето кое го врши другиот родител. Без стручни дијагнози и експертски толкувања на отуѓувањето, романот, низ емоциите на двајцата родители од кои едниот е отуѓувач, ги опишува и слика страдањата на нивниот заеднички син. Од друга страна, преку борбата за спас на детето која ја води едниот родител, приказната во романот јасно го посочува нестручниот, непрофесионален, лаички и индолентен однос на дел од носителите на функции на државните институции и органи за социјални работи, кои се законски обврзани и единствени надлежни за справување со ваквите незаконски и крајно штетни процеси како што е отуѓувањето. Наместо да ги попречуваат ваквите појави, дел од носителите на дејноста на овие институции, без никаква одговорност, или одвај реагираат, или реагираат несоодветно. Во некои случаи стануваат дури и соучесници со извршителите на ваквиот вид на злосторство.
Види повеќе500 ден.350 ден.

Отуѓување 2: Кога љубовта станува оружје
Што се случува кога едно дете постепено се оттргнува од едниот родител? Што се случува со детскиот ум кога немоќта е посилна од желбата да се имаат подеднакво двајцата родители. Што е тоа што го тера едниот родител, чистата и наивна детска љубов да ја претвори во оружје со кое ќе му нанесува душевна болка и страдање на родителот кој по разводот не живее веќе во заедница со своето дете.
Види повеќе500 ден.
Види ја книгата
Беше еднаш во Ваташа
Книгата им е посветена на генерациите пред нас, кои во наследство нѝ ги оставија нивните достигнувања, напори и жртви за подобро утре. Долг на нашата и на идните генерации е да го сочуваме и да го пренесуваме тоа наследство и да го збогатиме со наши достигнувања, па и со жртви доколку тоа биде неопходно, како што тоа го чинеле нашите предци. За тоа, ќе ни суди бескомпромисниот суд на историјата, а судии и поротници ќе бидат нашите потомци.
Види повеќе400 ден.
Види ја книгата
ДВА АМАНЕТА
Големината на човекот не се мери со степенот на неговото образование, ниту со богатството кое го стекнал. Големината на човекот не ја детерминира ни неговиот статус во општеството, јавните и политичките функции со кои се стекнал и кариери што ги изградил. Големината на еден човек се мери само со бројот на луѓе на кои им помогнал.
Види повеќе300 ден.
Види ја книгатаГОЛЕМОТО ОРО
Наскоро
Детали