
Отуѓување
Книгата „Отуѓување“ е роман – семејна психолошка драма, и се темели на вистински настани кои се случуваа и сеуште траат во нашето реално време. Темата е отуѓувањето на децата како појава и процес. Се работи за многу подмолна појава, односно процес, на кој се изложени голем број деца веќе од нивната најрана возраст. Со порастот на бројот на разводи, рапидно расте и појавата на отуѓување на децата од едниот родител по разводот. Низ голготата на еден родител, низ неговата борба за спас на своето малолетно дете од процесот на отуѓување, во романот се откриваат методите на отуѓувањето кое го врши другиот родител. Без стручни дијагнози и експертски толкувања на отуѓувањето, романот, низ емоциите на двајцата родители од кои едниот е отуѓувач, ги опишува и слика страдањата на нивниот заеднички син. Од друга страна, преку борбата за спас на детето која ја води едниот родител, приказната во романот јасно го посочува нестручниот, непрофесионален, лаички и индолентен однос на дел од носителите на функции на државните институции и органи за социјални работи, кои се законски обврзани и единствени надлежни за справување со ваквите незаконски и крајно штетни процеси како што е отуѓувањето. Наместо да ги попречуваат ваквите појави, дел од носителите на дејноста на овие институции, без никаква одговорност, или одвај реагираат, или реагираат несоодветно. Во некои случаи стануваат дури и соучесници со извршителите на ваквиот вид на злосторство.
- Попуст
500 ден.350 ден.
- Достава за 2–3 дена
- Бесплатна достава над 1000 ден.
ПОРАКАТА НА РОМАНОТ
Романот „Отуѓување“ раскажува за една безгранична татковска љубов кон своето чедо, која разобличува, разголува и се бори против еден од најстрашните процеси на психичко и емотивно чедоморство, отуѓувањето на децата од едниот родител.
„Отуѓување“ урива една повеќедецениска табу-тема во нашето општество, рецидив од минатото засилен со штетните „нус производи“ на современиот начин на живеење, пред сé зголемениот број на разводи на брак.
„Отуѓување“ фрла светлина на оваа мрачна и љубоморно чувана појава присутна во сите организациски единици и на сите нивоа на раководење во социјалните институции и служби. На делови низ сатира, а на места и со сарказам и иронија го обелоденува нивниот однос кон оваа појава, силната „потреба“ за неработење и непостапување по закон, а на што се обврзани токму по закон, а за што се платени со пари на граѓаните.
„Отуѓување“ посочува на неверојатно индолентен, нестручен, лаички, испартизиран и непрофесионален однос на носителите на социјалните грижи и заштита кон овој проблем.
Заради сето тоа, социјалните институции, останатите служби и структури на државниот апарат кои имаат доприни точки со социјалната проблематика, „Отуѓување“ ги посочува како главни виновници што појавата на психичкото злоставување на децата зема загрижувачки размери. Тоа се истите тие служби и институции кои се создадени да ги штитат правата на децата и родителите по развод од отуѓувањето.
„Отуѓување“ открива што се крие зад стереотипот „примарни и секундарни родители“ создаван и негуван со децении инкогнито од стручните служби и раководните кадри во социјалните институции, иако во постоечкиот закон за семејство и ни во една друга законска регулатива овој поим не постои..
ЗА ПРИКАЗНАТА (од авторот и од главниот протагонист во романот)
Темата на приказната е отуѓувањето, една од низата негативни појави кои бележат голем пораст а се директна последица на промената на парадигмата од пред триесет години. Оваа појава не е од сега, постоела и порано, делумно е рецидив од минатото, но сега е многу почеста. Се должи на брзиот и динамичен темпо на современиот начин на живеење како и на падот на основните морални норми и критериуми на однесување. Јавниот морал во последните три децении бележи драстичен, експоненцијален пад, а во трката и борбата за животна егзистенција не се бираат средства и методи да се дојде до подобра заработувачка. Семејството и домашното воспитување на децата останаа на маргините, зашто во таа трка, најголемиот број родители не можат доволно да им се посветат ниту на семејството, ниту на децата а ниту пак еден на друг. Како последица на тоа расте бројот на разведени бракови а со тоа и бројот на деца на разведени родители. Ваквата ситуација е плодно тло за голем пораст и на појавата на отуѓување на децата од едниот родител.
Приказната е всушност, животна приказна на еден родител. Во неа е раскажана неговата голгота и борбата да го спречи неколкугодишното континуирано отуѓување, кое го врши другиот, „примарниот“ родител. По распадот на брачната заедница, поради малата возраст, со судска пресуда, детето ѝ е доверено на мајката на чување, одгледување, развој и воспитување и од тој момент започнува тој процес, тоа отуѓување обемно помогнат со нестручното, лаичко па и незаконско постапување на социјалните служби и останатите институции кои ја третираат оваа проблематика..
ЗА ГЛАВНИТЕ ЛИКОВИ ВО ПРИКАЗНАТА
Ова е роман, вистинска приказна, со многу елементи на семејна психо – драма. Сите настани и случувања се вистинити а се одвиваа во последните десетина години и сеуште траат. Процесот на отуѓување сеуште се одвива со несмалена жестина. На ликовите, главните протагонисти во приказната, личните имиња им се заменети со псевдоними.
МИЛОШ
Милош е дете на разведени родители. Има шест години. Неговите родители се разведоа кога тој беше стар одвај три месеци. Тој е централниот лик околу кој се случуваат настаните во приказнава. Тој е една од многуте жртви на отуѓувањето. На неволјите кои му се случуваа не може да влијае, ниту пак може да им се спротивстави. Го повлече стихијата создадена од тие свирепи методи и начини на лицемерно психичко малтретирање, применети во процесот на неговото отуѓување од страна на родителот со кој живее во заедница, од „примарниот“ родител.
ЖИВКА
Живка е мајката на Милош. Судбината си поиграла со неа. Во раното детство останала сирак без татко. Нејзината мајка, со работничка плата, морала дополнително да работи најразлични работи за да обезбеди егзистенција за нејзините две ќерки и за неа. Живка и нејзината постара сестра, уште како деца ѝ помагале по завршувањето на часовите на училиште. Еден немил настан од тинејџерските денови на Живка, оставил длабоки рани и лузни на нејзиниот емотивен статус. Тешките трауми од тој настан, оставиле трајни последици и предизвикале кај неа емотивна и психичка неурамнотеженост, која се манифестира со психичко растројство, кое пак генерира, несоодветно однесување во одредени ситуации и чести промени на расположението.
По повеќе од дваесет години од тој немил настан, на четириесет и две годишна возраст, го запознава Борко и стапува во љубовна врска со него која трае четири години. Последните две години од врската, заедно се обидуваат по пат на ин витро метода да дојдат до пород. Тоа им успева по четвртиот обид. На свет доаѓа Милош. Два месеца пред да се породи, таа и Борко стапуваат во брак и истиот трае само пет месеци, кога е Милош само три месеци стар. Живка го напушта Борко и си заминува со Милош. Работи во здравствена установа во Скопје каде и живее со Милош и нејзината мајка.
БОРКО
Борко е таткото на Милош. Целиот работен век го поминал на одговорни работни места во полицијата. Поради бенефицираниот стаж, се пензионира на педесет години старост. По шеснаесет мошне стабилни и со взаемно разбирање исполнети години со неговата сопруга Неда, бракот им се распаднал. Причината била, разидувањето во ставовите на двајцата сопружници во поглед на обидите да дојдат до пород. Веќе наредната, 2012 година по разводот со Неда, Борко ја запознава Живка и стапува во љубовна врска со неа. Врската ја одржува силната желба на Борко и Живка да добијат дете. По четири години врска по пат на ин витро метода во 2016 година успеваат да дојдат до пород. Борко и Живка се врсници и кога се раѓа Милош имаат по четириесет и шест години. На Борко по дваесет години му се остварува сонот, да стане татко. Неговата среќа и радост трае само три месеци кога му се случува вториот брачен бродолом, по кој, Живка заедно со нивниот тримесечен син го напушта и заминува за Скопје. Со овој чин нивната брачна заедница фигурира само фиктивно, на хартија, уште една година кога разводот бива и судски озаконет.
ЃУРО – авторот на романот
