← Записи

БЕШЕ ЕДНАШ ВО ВАТАША

БЕШЕ ЕДНАШ ВО ВАТАША

Оваа книга ја напишав за да им „се оддолжам“ на идните генерации од долгот кој што ми тежи. Се надевам дека со оваа приказна ќе успеам да оставам пишан траг и да овековечам пократки и подолги периоди, сегменти и моменти на случувања и настани кои оставиле траен белег и заслужуваат да бидат запомнети. Истото важи и за личностите кои ги креирале и обликувале тие настани и исто така оставиле траен белег кој е втиснат во менталитетот и колективната свест на ваташани.

БЕШЕ ЕДНАШ ВО ВАТАША

Сето тоа во мене создава притисок кој го носи одговорноста што ја чувствувам кон моите сожители за тоа, дали доволно добро и успешно ќе успеам да ги пренесам и со пишан збор да ги „насликам“ сите тие случувања и настани и да ги опишам карактерно личностите кои ги креирале. Оттука, во мене гори желба да успеам во целост да ја пренесам пораката што во себе ја носи приказната во оваа книга. За тоа, бескомпромисно ќе суди судот на историјата, а судии и поротници ќе бидат идните генерации.

БЕШЕ ЕДНАШ ВО ВАТАША
Беше еднаш во Ваташа
Од авторот

Беше еднаш во Ваташа

400 ден.

Види ја книгата