
Беше еднаш во Ваташа
Книгата им е посветена на генерациите пред нас, кои во наследство нѝ ги оставија нивните достигнувања, напори и жртви за подобро утре. Долг на нашата и на идните генерации е да го сочуваме и да го пренесуваме тоа наследство и да го збогатиме со наши достигнувања, па и со жртви доколку тоа биде неопходно, како што тоа го чинеле нашите предци. За тоа, ќе ни суди бескомпромисниот суд на историјата, а судии и поротници ќе бидат нашите потомци.
400 ден.
- Достава за 2–3 дена
- Бесплатна достава над 1000 ден.
Книгата им е посветена на генерациите пред нас, кои во наследство нѝ ги оставија нивните достигнувања, напори и жртви за подобро утре. Долг на нашата и на идните генерации е да го сочуваме и да го пренесуваме тоа наследство и да го збогатиме со наши достигнувања, па и со жртви доколку тоа биде неопходно, како што тоа го чинеле нашите предци.
За тоа, ќе ни суди бескомпромисниот суд на историјата, а судии и поротници ќе бидат нашите потомци.
„Беше еднаш во Ваташа...“ во себе носи траги и белези на времето во кое живеевме и создававме, колку за убавите нешта, толку и за тешките периоди од тоа време, па дури и за периодите во кои се страдало.
Материјал за ѕидање на приказната во книгата црпев од нашата заедничка ризница на сеќавања на настани и случувања.
Во приказната е опфатен временскиот период од шеесет–седумдесет години наназад со минимум импровизации за да се поврзат и да се заштитат од заборав настаните, случувањата и сите тие што ги креираа или беа сведоци, односно современици на тие настани.
За крај, зар не треба одвреме–навреме да ја „нахраниме“ и носталгијата во нас?
