← Назад кон книгите
Отуѓување 2: Кога љубовта станува оружје

Отуѓување 2: Кога љубовта станува оружје

Што се случува кога едно дете постепено се оттргнува од едниот родител? Што се случува со детскиот ум кога немоќта е посилна од желбата да се имаат подеднакво двајцата родители. Што е тоа што го тера едниот родител, чистата и наивна детска љубов да ја претвори во оружје со кое ќе му нанесува душевна болка и страдање на родителот кој по разводот не живее веќе во заедница со своето дете.

  • Публицирана2025
  • ЖанрСоцијална и политичка драма
  • ЈазикМакедонски или Англиски
  • Број на страни258

500 ден.

  • Достава за 2–3 дена
  • Бесплатна достава над 1000 ден.

Што се случува кога едно дете постепено се
оттргнува од едниот родител?
Што се случува со детскиот ум кога немоќта е посилна од желбата да се имаат подеднакво двајцата родители.
Што е тоа што го тера едниот родител, чистата и наивна детска љубов да ја претвори во оружје со кое ќе му нанесува душевна болка и страдање на родителот кој по разводот не живее веќе во заедница со своето дете.
Отуѓување е потресна вистинска приказна за еден родител кој се бори да ја зачува врската со своето дете во свет во кој љубовта, вистината и правдата често се губат во лавиринтот на државните институции во кои царуваат манипулациите и човечките слабости.
Она што започнува како конфликт меѓу возрасни, полека се претвора во тивка борба за детската душа.
Невидлива војна во која зборовите, стравот, уценувањето и манипулациите се „материјалите“ со кои се ѕида ѕидот што го одвојува детето од едниот родител, а неодговорноста, нестручноста и незаинтересираноста на социјалните и на останатите државни институции, „арматурата“ на тој ѕид.
Но љубовта на родителот не исчезнува.
Се бори... чека... верува...
Отуѓување не е само драма на едно семејство. Тоа е драма на илјадници родители и деца кои се соочуваат со тивката прикриена, но и несопирлива трагедија.
Ова е книга за љубовта што одбива да се предаде.